НОВА СТРУЧНА КНИГА ОД ПРИМ. Д-Р КОТЕ ТАСЕВСКИ
- 21/09/2022
- Posted by: zvermar
- Category: НАСТАНИ
Се почесто во секојдневната активност од стоматолозите се бара да вршат козметички и естетски третмани. Прим. Д-р Коте Тасевски во „Естетска стоматологија – принципи и техники“ се стреми да ги исполни овие барања преку обезбедување на ажурирана референца за естетската стоматологија, од принципи и третмани до специфични предизвици и компликации.
Оваа стручна студија за најновите достигнувања во лекувањето и обликувањето на забите ја издаде Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија – Скопје. Книгата ја сведочи вистинската револуција во естетската стоматологија во светот и кај нас и пополнува една голема празнина во едукацијата на стоматолозите и магистрантите по естеска стоматологија. Веруваме дека наскоро таа ќе стане неодминливо научно средство за доусовршување на докторите во стоматолошките ординации. Со тоа и најпробирливите пациенти си ги зголемуваат шансите да го сочуваат своето орално здравје и да ги задоволат своите естетски барања.
На 650 страници (А 4 формат), со голем број колор фотографии, реферирајќи се на сознанија од 275 врвни светски научници, прим. д-р Коте Тасевски ги елаборира современите дијагностики, клиничките постапки, мајсторството во моделирањето, изборот на техниките и материјалите, кои заедно стремат кон совршенство во сферата на естетската стоматологија.
Книгата се состои од 39 поглавја поделени во четири дела придружени со индекс и приказ на случаи.
Дел 1. КОПНЕЖ ПО СОВРШЕНСТВО не воведува во полето, презентирајќи естетски концепти:
- Совршенството во естетската стоматологија
- Естетска (р)еволуција во реставративната стоматологија
- Нови концепти во естетската стоматологија
- Ера на нови биоматеријали за естетски реставрации
Дел 2. Естетските третмани, детали и аспекти во врска со:
БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ
- Обоеност на забите – дисколорација
- Како се дијагностицира дисколорацијата
- Третман на дисколорациите
- Постапка на белење на забите
- Планирање на третманот
- Техники на белење на забите
- Потенцијални несакани ефекти и безбедност на техниките за белење на забите
Дел 3. ЕСТЕТСКИ КОМПОЗИТНИ РЕСТАВРАЦИИ
- Фундаментални концепти на емајл/дентинската адхезија
- Композитни материјали
- Инструментариум за композитни реставрации
- Процедури со денталдам
- Eстетски композитни реставрации
- Принципи за изработка на естетски композитни реставрации
- Естетски композитни реставрации на предните заби
- Класа III композитни реставрации
- Класа IV – композитни реставрации
- Класа V – композитни реставрации
- Естетски композитни реставрации на задните заби
- Класа I композитни реставрации
- Класа II – композитни реставрации
- Индиректни композитни реставрации
- Затворање на дијастема
- Мултипни ротирани заби
- Реставрација на изгубена папила
- Клинички согледувања на композитните реставрации
Дел 4. ПОРЦЕЛАНСКИ ЛАМИНАТИ (ЗАБНИ ФАСЕТИ)
- Критериуми за избор на случај
- Процес на евалуација и планирање на третманот
- Постапки за изработка на порцелански ламинати
- Инструменти за препарација на ламинати
- Препарација на забите за порцелански ламинати
- Бондирање на порцеланската фасета на предвиденото место (лепење на ламинатот)
- Клинички согледувања
- Приказ на случаи
- Литература
Секое поглавје од оваа книга е придружено со бројни илустрации и најнови референци во оваа област и му помагаат на читателот подобро да ги разбере презентираните концепти и техники и да се прикажат третманите од почетокот на случајот до конечните естетски резултати. Oва издание ги претставува златните правила во естетската стоматологија, сочинуваат водич што не треба да недостасува од библиотеката на ниту еден стоматолог, а особено на оние кои се фокусираат конкретно на денталната естетика.