ЧПП

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊЕ
[cq_vc_accordion contentcolor=”#1e1e1e” contentbg=”#ffffff”][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Што е естетска стоматологија?”]Естетската стоматологија е нов сеопфатен научен и стручен пристап кон вкупната орална здравствена заштита, кој ги комбинира уметноста и науката за да се постигне оптимална забна функција, здравје и естетика.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Кои стоматолошки области ги опфаќа?”]Постојат пет стоматолошки специјалности кои претежно се фокусираат на стоматолошката естетика. Тоа се:

  • Протетика
  • Ортодонција
  • Болести на забите со ендодонција
  • Парадонтологија
  • Орална хирургија со имплантологија

Многу доктори по стоматологија, забни техничари и други стоматолошки професионалци го продолжуваат образованието за да ги научат и усовршат естетските стоматолошки техники и технологии.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Какви студии овозможуваатда се усовршат знаењата?”]Од годинава прв пат во нашата држава се отворија академски (постдипломски) студии[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Колку ЕКТС кредити бара студиската програма?”]Академските студии на Приватниот научен институт во Скопје имаат 60 ЕКТС[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Каква квалификација се стекнува со завршување на студиите?”]Студентите кои завршиле добиваат диплома која е рангирана со VII A според Националната рамка на квалификации утврдена со Законот за националната рамка за квалификации, што соодветствува на ниво VII од Европската рамка на високообразовни квалификации.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Каков стручен назив стекнува студентот по завршувањето на студиската програма?”]Mагистер (м-р)
Магистер по естетска стоматологија[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”На која меѓународна референца одговара тоа?”]Master of Science (MSc)
Master of Aesthetic Dentistry[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Времетраење на студиите (во год.)?”]Една година[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Учебна година во која почнува реализацијата на студиската програма?”]2021/ 2022 година[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Колкав број студенти е предвидено да се запишат на студиската програма?”]60[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Јазик на којшто ќе се изведува наставата?”]Македонски и Англиски јазик[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Кои се условите за запишување на студиската програма за редовни, вонредни и странски студенти?”]Академијата е отворена за сите доктори по стоматологија, лабараториски забни техничари, стоматолошки професионалци и оние кои ја поддржуваат естетската стоматолошка пракса.
На втор циклус студии во траење од една години и освоени 60 кредити (според ЕКТС) може да се запишат:
– кандидати кои завршиле соодветни студиски програми од прв циклус на студии во траење од најмалку 4 години, со кои се стекнуваат најмалку 240 ЕКТС кредити, односно додипломски студии во траење од најмалку 4 години;
– странски државјани може да се запишат на студии под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија. Се смета дека услови за запишување ги исполнува лицето кое завршило образование според еднаква студиска програма во странство. Еднаквоста на студиските програми се оценува според утврдена процедура на Академијата за естетска стоматологија, во согласност со државните органи;[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Каде може да се продолжи образованието?”]Образованието може да се продолжи на сите високобразовни институции во земјава и во странство кои работат согласно Болоњската декларација и ЕКТС.
Многу доктори по стоматологија, забни техничари и други стоматолошки професионалци бараат продолжување на образованието со цел да ги научат и усовршаат естетските стоматолошки техники и технологии.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Која е целта и оправданоста за воведување на студиската програма?”]Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија е посветена на унапредување и имплементирање на научните сознанија и практиките во стоматологијата и поттикнување на највисоките стандарди за етичко однесување и одговорна грижа за пациентот меѓу естетските стоматолози, забните техничари и другите стоматолошки професионалци.
Академијата за естетска стоматологија вклучува: доктори по стоматологија, лабараториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други стоматолошки професионалци од земјата и од странство. Оваа вкрстена функционална едукација на страсни практичари е она што ја први Академијата уникатна, овозможувајќи им на членовите меѓусебно да се поврзат, да соберат информации од меѓународната област на естетската стоматологија и да примаат и да даваат охрабрување и поддршка на други естетски стоматолошки професионалци од целиот свет.
Основната цел е преку спроведување на соодветни планови и програми Академијата да обезбеди:

  1. Практична обука и стручно усовршување на докторите на стоматологија за новите техники и методи на работа во естетската стоматологија, добра стоматолошка практика, унапредување на знаењето и вештините за дијагностика и лекување;
  2. Воведување високи стандарди за квалитетна и континуирана едукација на други стручни кадри кои обавуваат стоматолошка дејност (лабараториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други стоматолошки професионалци) .
  3. Дополнителна едукација на студентите;
  4. Информирање за новите трендови во стоматологијата, технологијата и науката;
  5. Други едукативни активности поврзани со стоматолошката наука и пракса, што ќе резултира во обезбедување на високо ниво на стоматолошка здравствена заштита на населението и развој на естетската стоматологија кај нас и пошироко во регионот.

Покрај тоа, програмите за стручно и професионално усовршување имаат цел економски да ја зајакнат државата, пред се преку намалување на одливот на македонските професионалци во стоматологијата. Така ќе го операционализираме креативниот потенцијал на младите во Република Северна Македонија на кои дома ќе им ги донесеме најновите техники и технологии и современите практики. На тој начин нашите кадри ќе ги вклучиме во меѓународни образовни, научно-истражувачки и стручно-апликативни проекти и ќе овозможиме да се пренесат знаења и технологии кон други корисници.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Дали формалното образование и истражувачкото искуство на наставниците кореспондира со специфичноста на студиската програма, односно какви се профилот и квалификацијата на наставно-научниот кадар?”]Формалното образование и истражувачкото искуство на наставниот и наставно-научниот кадар кој учествува во изведувањето на наставата од студиската програма – Естетска стоматологија – ги задоволуваат потребите на магистрантите од аспект на стекнување на потребни вештини и знаења дефинирани преку специфичните дескриптори.
Биографиите на наставниците укажуваат на нивната компатибилност со студиската програма: нивното огромно практично и иновативно искуство, кои покрај академското образование се истакнати практичари, автори на книги и реализатори на проекти од стоматологијата, чиј квалитет е докажан низ конкурентниот настап на пазарот во интернационални рамки.
Во земјите од ЕУ и во САД естетската стоматологија има традиција подолга од 30 години. Оспособувањето за извршување на занимањето естетски стоматолог се врши како специјалистичка едукација, во времетрање д 1 до 4 години, во зависност од програмата.
Програмите преку кои се врши едукација на естеските стоматолози вклучуваат високостручни предавања и практична обука за стручно усовршување и специјализација по успешно завршување на сите нивоа на програмата и полагање на завршните испити.

Во САД, таква е:
American Academy of Cosmetic Dentistry (AACD) (http:/ www. aacd.com),
New York University – College of Dentistry (https://dental.nyu.edu)

а во земјите од Европската Унија :
European Society of Cosmetic Dentistry ( http:/ www.eaed.org/),
Aesthetic Dentistry | Eastman Dental Institute – UCL (https://www.ucl.ac.uk › study)

Aesthetic Dentistry MSc at King’s College London, University
King’s Dental Institute https (www.kch.nhs.uk)
Goethe University Frankfurt in Germany  (https://www.goethe-dental-school.de)[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Со кои механизми се изведува наставата?”]Системите за квалитет во високото образование се потпираат на: акредитација и евалуација.
– На секоја година Академијата за естетска стоматологија ќе спроведува процес на самоевалуација на ниво на студиски програми.
– Секоја година ќе се спроведуваат анонимни анкети на специјализантите за односот на наставниот кадар и квалитетот на наставно-образовниот процес.
– Се унапредуваат предметните програми во процедура преку Наставно -научниот совет на Академијата за естетска стоматологија.
Во рамките на наставниот процес за секоја дисциплина е предвиден систем за континуирано добивање показатели на проодност, врз основа на кој најмалку два пати во семестарот ќе се анализира успехот по одделни наставни дисциплини и по поедини кандидати. Најмалку после секој тест и колоквиум ќе се одржува средба со специјализантите на која ќе се разгледуваат постигнатиот успех и ќе се договараат мерки за подобрување.
Предавањата, главно ќе се реализираат со современа видео-аудио техника, со интерактивно користење на интернет за актуелни пребарувања и нивно вклучување во предавањата.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Податоци за просторот и опремата предвидени за реализација на Студиската програма Естетска стоматологија.”]Наставата ќе се одржува во просториите  на  ПНИ -Академија за естетска стоматологија Скопје и ќе ги користи новите предавални и веќе постоечките ординации, рендген кабинети и лаборатории на Приватната здравствена установа –  Приватната здравствена установа – Поликлиника од примарна здравствена заштита ЕНДОМАК Скопје,  EDG групација Струмица, Дојран, Гевгелија3D.RTG рендген дијагностички центар СкопјeEterna LHC Скопје и ПЗУ Поликлиника Дента ЕС за изведување на практичната настава. Во истиот кампус комплетно опремена е и централна заботехничка лабораторија.
Детален приказ на просторните услови предвидени за реализација на студиската програма.[/cq_vc_accordion_item][cq_vc_accordion_item accordiontitle=”Други податоци кои Академијата сака да ги наведе како аргумент за нејзината успешност”]Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и е прв во државата и во регионот од ваков вид, каде што практиката и науката се споени на едно место, со современи стандарди и принципи.
Академија за естетска стоматологија своите активности ги презентира и преку издавање на едукативни брошури и книги за светските достигања во областа на естетската стоматологија. Издава стручно списание „JAADE“  од областа на естетската стоматологија, со меѓународен уредувачки одбор.[/cq_vc_accordion_item][/cq_vc_accordion]