Have a question?
Message sent Close

КОНКУРС 2025/26

Врз основа на член 149, 150 и 151 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ бр.82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/21 и 58/24), Приватниот научен институт „АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА“, СКОПЈЕ објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на втор циклус на магистерски студии, на студиската програма „Естетска стоматологија“, на Приватниот научен институт
„Академија за естетска стоматологија“, Скопје
во академскта 2025/2026 година

 

A

  1. Назив на студиската програма: Естетска стоматологија;
  2. Предвиден број на слободни места за запишување: 60 студенти;
  3. Времетраење на студиите: Едногодишни (60 ЕКТС) студии;
  4. Висина на школарината: 2000 евра по семестар.

 

Б

Услови за запишување

На втор циклус на магистерски едногодишни студии (60 ЕКТС кредити), може да се запишат:

  • Кандидати кои завршиле студии по соодветни студиски програми од прв циклус на студии;
  • Странските државјани, под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија (Се смета дека, условите за запишување ги исполнува лицето од странство, кое завршило образование во соодветна студиска програма во странство).

 

В

 Документи за пријавување и запишување:

 При пријавување за запишување (која се врши во електронска форма, преку службениот линк/страна на Институтот: www.iacd.mk), во роковите утврдени во Конкурсот, секој заинтерисиран кандидат (кој ги исполнува условите наведени во Конкурсот) треба да достави:

  1. Пријавен лист за запишување (достапен на веб страницата на Институтот: www.iacd.mk );
  2. Оригинал документ или фотокопија заверен на нотар за завршен прв циклус на студии (диплома или уверение), а за кандидати кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено прв циклус на студии, издадено од страна на Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија;
  3. Куса биографија (СВ).

При  запишување, примените кандидати треба достават следни документи:

  1. Индекс;
  2. Пријавни листови;
  3. Две фотографии (3,5х4,5)

Индексот и пријавните листови можат да се обезбедат во просториите на институт.

 III. Рокови за пријавување и запишување 

Прв рок Втор рок
Пријавување на кандидатите 4 – 7 август 2025 8 – 11 септември 2025
Запишување на кандидатите 11 и 12 август 2025 15 и 16 септември 2025

Почеток и завршување на студиската година

  • Почетокот и времетраењето на студиската година по се­мес­три е определен со Статутот на Институтот, а дополнителните информации за распоредот на студиите се достапни на веб страната на Институтот: www.iacd.mk.

 Место на изведување на студиската програма

  • Изведување на студиските програми наставата и полагање на испитите, ќе се одвива во Приватниот научен институт „Академија за естетска стоматологија“ во Скопје.