Have a question?
Message sent Close

КОНКУРС

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ
НА ВТОР ЦИКЛУС
СТУДИИ

ПРОГРАМА

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ, ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ, БРОЈ НА ЧАСОВИ …

СТАТУТ

НА ПРИВАТEН НАУЧЕН ИНСТИТУТ – АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА

ПРИЈАВИ СЕ

ПО КОНКУРС
ЗА ВТОР ЦИКЛУС
НА СТУДИИ

cropped-favikon500.png

Придружете ни се за престиж и многу придобивки!

Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје, прв во државава и во регионот во сферата на стоматологијата, е акредитиран од Министерството за образование и наука, Одборот за акредитација и евалуација и Агенцијата за квалитет, согласно одредбите на Законот за високото образование и ги исполнува сите критериуми и услови предвидени во Уредбата за нормативи и стандарди за основање високообразовна установа.
Во него практиката и науката се споени на едно место, со современи стандарди и принципи.

Сите стоматолошки професионалци имаат право да се запишат и да се приклучат на Академијата за естетска стоматологија. Кога ќе се приклучат стануваат дел од семејството на посветени професионалци.

Пријавите за магистерски студии на Академијата за естетска стоматологија се
поднесуваат до 31 септември, а првиот семестар почнува од 31 октомври 2026

Академијата е отворена за сите доктори по стоматологија, лабoраториски забни техничари, стоматолошки професионалци и оние кои ја поддржуваат естетската стоматолошка индустрија, вредните, работливите, трудолубивите, оние кои се стремаат кон клиничка пракса, за постојано проширување на нивните вештини, кои сакаат да бидат поврзани, да се здружуваат, да разменуваат идеи и искуства.

Естетската стоматологија е еден сеопфатен пристап кон вкупната орална здравствена заштита, кои ги комбинира уметноста и науката за да се постигне оптимална забна функција, здравје и естетика. Тоа е ново подрачје на фокусираност во областа на стоматологијата кое ветува нови продори во стручното образование.

Основен принцип на Академијата е да го промовира образованието. Благодарение на партнерството меѓу членовите може да се даунлодираат и стримуваат видеа за едукација на пациентите од нивната пракса, веб-сајт или социјалните мрежи.

Институтот – Академијата за естетска стоматологија нуди неколку видови курсеви по естетска стоматологија. Овие се дизајнирани да им овозможат на докторите на стоматологија клинички вештини засновани на докази со цел да ги вметнат естетските елементи во нивната секојдневна грижа за пациентот.

Списанието JAADE е публикација на Академијата за обезбедување најнови информации за клиничките третмани, козметичките стоматолошки и забнотехнички технологии и техники, и многу повеќе од водечките стоматолози, лабараториски техничари и специјалисти.

Институтот – Академија за естетска стоматологија има на располагање висококвалитетно опремен простор кој целосно ги задоволува нормативите и стандардите за изведување настава и лаборатории за вежби и практична обука. Институтот е опремен со најсовремена информатичка, телекомуникациска и телефонска опрема

НАСТАНИ И АКТИВНОСТИ