Посветени на естетската стоматологија

Естетската стоматологија е еден сеопфатен пристап кон вкупната орална здравствена заштита, кои ги комбинира уметноста и науката за да се постигне оптимална забна функција, здравје и естетика. Тоа е ново подрачје на фокусираност во областа на стоматологијата кое ветува нови продори во стручното образование.

Постојат пет стоматолошки специјалности кои претежно се фокусираат на стоматолошката естетика. Тоа се:
• Протетика
• Ортодонција
• Болести на забите со ендодонција
• Парадонтологија
• Орална хирургија со имплантологија

Во трансформирањето на насмевката е вклучена ортодонцијата и максило-фацијалната хирургија.
Предноста на естетската стоматологија е во тоа што обезбедува нова димензија на дентално лекување, а истовремено на стоматологот му овозможува дополнителни можности за уметничко изразување. Преку познавање и примена на најзначајните базични уметнички елементи, стоматологот може да обезбеди функционални и естетски облици во секоја реставрација. Квалификуван, искусен естетски стоматолог може да помогне во подобрување на изгледот, насмевката, дури и на самодовербата, и може да одговори на функционалните и естетските проблеми на пациентот.

Академијата за естетска стоматологија нуди можност професионалците во таа област да станат дел од есклузивната група посветени естетски стоматолози и лабараториски техничари. Ќе овозможи супериорна и разновидна професионална посветеност на усовршување во науката и уметноста на естетската стоматологија, ќе помогне и ќе ги поддржи членовите во нивните цели за клиничка совршеност преку образовните ресурси, што ќе ја зајакне нивната кариера. Проширување на знаењето и вештините, мрежно поврзување, соработка, поддршка и охрабрување од колегите професионалци.