Отвореност за образование

Академијата е отворена за сите доктори по стоматологија, лабoраториски забни техничари, стоматолошки професионалци и оние кои ја поддржуваат естетската стоматолошка индустрија, вредните, работливите, трудолубивите, оние кои се стремаат кон клиничка пракса, за постојано проширување на нивните вештини, кои сакаат да бидат поврзани, да се здружуваат, да разменуваат идеи и искуства.

Основната цел е преку спроведување на соодветни планови и програми Академијата да обезбеди:

  • Практична обука и стручно усовршување на докторите на стоматологија за новите техники и методи на работа во естетската стоматологија, добра стоматолошка практика, унапредување на знаењето и вештините за дијагностика и лекување;
  • Воведување високи стандарди за квалитетна и континуирана едукација на други стручни кадри во стоматолошката дејност (лабoраториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други стоматолошки професионалци);
  • Дополнителна едукација на студенти;
  • Информирање за новите трендови во стоматологијата, технологијата и науката;

Други едукативни активности поврзани со стоматолошката наука и пракса, што ќе резултира во обезбедување на високо ниво на стоматолошка здравствена заштита на населението и развој на естетската стоматологија кај нас и во регионот.
Многу доктори по стоматологија бараат продолжување на образованието со цел да ги научат и усовршат естетските стоматолошки техники и технологии. Стоматолозите специјализирани за естетска стоматологија се нарекуваат естетски стоматолози. Нивното специфично искуство во областа – обуката, специјалноста и образованието – се насочени кон овој тип стоматологија, иако не се смета за официјална специјализација.