Have a question?
Message sent Close

КОНКУРС 2024/25

Врз основа на член 149, 150 и 151 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ бр.82/18), Приватниот научен институт „АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА“, СКОПЈЕ објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на втор циклус студии на студиската програма
„Естетска стоматологија“ на Приватниот научен институт
„Академија за естетска стоматологија“ , Скопје
во учебната 2024/2025 година

 

I

  1. Назив на студиската програма – Естетска стоматологија
  2. Предвиден број на слободни места за запишување – 60 студенти
  3. Времетраење на студиите – Едногодишни (60 ЕКТС) студии
  4. Висина на школарината – 2000 евра по семестар

 

II
Услови за запишување

Академијата е отворена за сите доктори по стома­тологија кои ја поддржуваат естетската стоматолошка инду­ст­рија, вредните, работливите, трудољубивите, оние кои се полни со енергија за стоматолошката про­фе­сија, кои се стремат за клиничка пракса, за постојано проширување на нивните вештини, кои сакаат да бидат поврзани, да се здружуваат, да разменуваат идеи и искуства.

Ова ја нагласува посветеноста на Академијата за естетска стоматологија за сеопфатност (инклузивност) и стандарди на совршеност, вистински да се измерат и прошират знаењата и вештините на повисоко ниво, како и да обезбеди на пациентите поголем пристап до стоматолошки професионалци, кои покажале ви­сок сте­пен на вештини и способности во естетската стома­то­логија.

На втор циклус на студии во траење од една години и освоени 60 кредити (според ЕКТС) може да се запишат:

  • кандидати кои завршиле соодветни студиски програми од прв циклус на студии во траење од најмалку 4 години, со кои се стекнуваат најмалку 240 ЕКТС кре­дити, односно додипломски студии во траење од нај­мал­ку 4 години;
  • Странските државјани може да се запишат на студии под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија. Се смета дека условите за запишување ги исполнува и лицето, кое завршило образование според еднаква студиска програма во странство. Еднаквоста на сту­ди­ските програми се оценува според утврдена про­це­дура на Академијата за естетска стоматологија, во согласност со државните органи.

 

III
При пријавувањето кандидатите треба да достават:

  1. Пријава (достапна на Институтот);
  2. Диплома (оригинал или фотокопија заверена кај нотар) за завршен прв циклус на студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат Решение од МОН за признавање на странската диплома);

Рок за пријавување и запишување

  • Пријавување на кандидатите ќе се одвива во пе­рио­дот од 01.11.2023-31.11.2024 година.
  • Запишувањето на кандидатите ќе се извршува од 01.12-05.12.2024 година.

Почеток и завршување на студиска година

  • Студиската година почнува на 08.12.2023 година, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен .
  • Почетокот и времетраењето на наставата по се­мес­три се определува со статутот на Институтот.

Место на изведување на студиската програми

  • Изведување на студиските програми наставата и полагање на испитите, ќе се одвива во Приватниот научен институт „АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА“, СКОПЈЕ

Забелешка

  • Детални информации за условите за запишување, потребната документација, организацијата и времен­скиот распоред на студиите, заинтересираните кандида­ти може да ги добијат на Приватниот научен институт „АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА“ и на веб страната www.iacd.mk