БИБЛИОТЕКА

Приватниот научно-образовен институт – Академија за естетска стоматологија има библиотека која во своја сопственост ги има сите книги во печатена или електронска форма кои се наведени како задолжителна и дополнителна литература во сите предметни програми кои се изведуваат во таа високообразовна установа. Бројот на примероци за задолжителна литература е најмалку 10% а за дополнителната литература најмалку 5% од бројот на студенти кои во моментот посетуваат настава по дадената предметна програма.

Високообразовната установа Академија за естетска стоматологија овозможува директен (електронски) пристап до задолжителната и дополнителната литература.

Во библиотеките на Академија за естетска стоматологија, и во е-библиотеката достапна на порталот , како и кај предметните професори се обезбедени доволно наслови како за потребите на наставата по студиската програма така и за персонален развој, имаат на располагање библиотека со повеќе книги во печатена форма и голем број на електронски изданија на книги, публикации и научни трудови.