АКТИВНОСТИ
IACD (Академијата за естетска стоматологија) во соработка со 3D.RTG дијагностичкиот стоматолошки рендген центар од Скопје и веледрогеријата OralMED Perioshop (EDG групација), со поддршка на компаниите Vatech, Saremco, AUGMA Biomaterials и CORTEX DENTAL IMPLANTS организираат 3D настан во месец Март, во кој, теоретски и практично, низ три последователни саботи и една недела, ќе бидат претставени многу новини во стоматологијата.
Целта на овој курс е да се претстави концептот на работа со цементите за аугментација (Двофазен Калциум Сулфат), рационалноста позади хируршките протоколи, манипулативноста со материјалот и новите хируршки опции кои ни се достапни.
Погледнете го видеото и запознајте се со можностите за изучување на магистерските студии по естетска стоматологија кои за прв пат се организираат кај нас и во регионот. Почетокот на наставата е планиран за Декември 2021. Сите оние кои се заинтересирани за оваа програма можат да не контактираат на contact@iacd.mk или на тел/viber +389 71391400. Ве очекуваме.
3D.RTG дијагностичкиот стоматолошки рендген центар од Скопје, со поддршка на компанијата Vatech од Јужна Кореја, организира 3D настан во месец Ноември, во кој, теоретски и практично, низ 4-ри последователни саботи, ќе биде обработена темата СОВРЕМЕНА СТОМАТОЛОШКА РЕНДГЕН ДИЈАГНОСТИКА.
За подетално запознавање на можностите кои ги нуди Академијата за естетска стоматологија организираме заедничка средба на 30-ти Октомври, 10 часот, во просториите на Академијата за естетска стоматологија, Скопје
Пријавите за магистерски студии се поднесуваат до крајот на октомври, а првиот семестар почнува од 8 ноември