Have a question?
Message sent Close

ПРИВАТЕН НАУЧЕН ИНСТИТУТ
АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА – СКОПЈЕ

ЈАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА ЈАВНА ОДБРАНА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ

Се известува академската, стручната и пошироката јавност дека на ден 13.06.2026 година (сабота), во просториите на Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија – Скопје, ќе се одржат јавни одбрани на магистерски трудови на кандидатите од студиската програма „Естетска стоматологија“ – втор циклус студии.

РАСПОРЕД НА ЈАВНИТЕ ОДБРАНИ

Време Кандидат Досие бр.
10:00 – 10:40 Лидија Ѓонеска 036
10:40 – 11:20 Кристина Пејковска Грујоска 035
11:20 – 12:00 Рената Петрова 037
12:00 – 12:40 Билјана Гоцалеска Ширкоска 033
12:40 – 13:20 Берат Бајрами 032
13:20 – 14:00 Антоанета Симеонова 031
14:00 – 14:40 Флорие Алиу Веапи 038

Магистерските трудови се достапни за увид во архивата на Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија – Скопје.
Јавните одбрани се отворени за заинтересираната академска, стручна и научна јавност.

Скопје, 12.06.2026 година

Директор
Доц. д-р сци. Јулие Поповски

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека јавните одбрани на магистерските трудови ќе се одржат на ден 13.06.2026 година (сабота) во просториите на Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија – Скопје.

Распоред на одбраните:

🕙 10:00 – 10:45
Лидија Ѓонеска (досие бр. 036)
🕚 10:45 – 11:30
Кристина Пејковска Грујоска (досие бр. 035)
🕦 11:30 – 12:15
Рената Петрова (досие бр. 037)
🕛 12:15 – 13:00
Билјана Гоцалеска Ширкоска (досие бр. 033)
🕐 13:00 – 13:45
Берат Бајрами (досие бр. 032)
🕜 13:45 – 14:30
Антоанета Симеонова (досие бр. 031)
🕝 14:30 – 15:15
Флорие Алиу Веапи (досие бр. 038)

Секој кандидат располага со вкупно 45 минути за јавна одбрана:

  • до 20 минути презентација на магистерскиот труд;
  • до 15 минути прашања и дискусија со комисијата;
  • до 10 минути за советување и донесување одлука од страна на комисијата.

Ве молиме да бидете присутни најмалку 30 минути пред предвидениот термин на Вашата одбрана.
Презентацијата да биде подготвена на USB уред и доставена пред почетокот на одбраната.
Ви посакуваме успешна одбрана и достојно претставување на Вашиот научен и стручен труд.

Со почит,
Прим. д-р Коте Тасевски
Координатор на студиската програма „Естетска стоматологија“