УСПЕШНО ЗАВРШИ ПРВАТА СТУДИСКА ГОДИНА

На Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје успешно заврши првата студиска година. На свечен собир на најдобрите магистранти и професори им беа доделени пригодни награди и признанија. Триесеттемина магистранти со вообичаениот ритуал – фрлање на капите – го одбележаа крајот на студиската година.

 

Прим. д-р Коте Тасевски, основач на првиот приватен научен институт во Република Македонија, истакна дека првата генерација магистри на Академијата за естетска стоматологија одлично ги поминаа научните предавања.

Пред една година јас ја споделив својата среќа што Министерството за образование и наука го акредитираше Приватниот научен институт – Академијата за естетска стоматологија впишувајќи во во Регистарот на научно-истражувачка дејност, како остварен сон.

Но, денес додавам дека мојот сон ќе стане целосна стварност тогаш кога ќе се оствари сонот на сите наши студенти. Од утре, секој од триесетината магистранти влегува во сопствена битка на отворениот пазар. Како своја ја прифаќам пораката што на промоцијата на нашето стручно списание JAADE ни ја упати проф. д-р Асен Џолев од Нови Сад кој, меѓу другото, порача: „Светот на науката не е толку далеку колку што ние мислиме. Ние сме во тој свет, само треба одговорно да работиме“, напиша меѓу другото еминентниот професор Џолев.

 

Професорката д-р Даниела Христова – Тасевска од Великотрновскиот универзитет рече дека со задоволство ја прифатила поканата да предава на Академијата за естетска стоматологија: „За мене зборот „стоматлогија“ секогаш внесувал страв. Но, кога ме поканија да предавам во Академијата за естетска стоматологија, не можев да одбијам. Зашто убавината започнува внатре во човекот и секогаш се дава надвор од себе. Затоа, почитувани магистранти, направете ги луѓето среќни за да можат во себе да ја внесат убавината“, рече проф,  д-р Христова-Тасевска.

 

Магистрантката д-р Соња Димитровска нагласи дека е чест и привилегија да се биде дел од првата генерација на Академијата за естетска стоматологија, институција од светски ранг. Од името на сите магистранти таа изрази благодарност на прим. д-р Коте Тасевски, основачот на Институтот, за неговата визија, труд и упорност кој, покрај македонски предавачи, ангажира и врвни предавачи од Турција, Израел, Италија, Србија и Бугарија.

 

Амбасадорот Јордан Плевнеш, основач на Академијата ЕСРА, нарекувајќи ја Академијата за естетска стоматологија – постмодерна – истакна дека таа со право се надоврзува на етиката и филозофијата на Анри Бергсон дека естетиката ќе ја одбрани убавината на човештвото.

ВИДЕО