Со години, фокусот на стоматолошката практика „modus operandi“ беше првенствено насочен кон превенција и третман на заболувањата на забите.
Ова често и неформално се опишува како стоматологија базирана на „потреба“.
Денес, стоматологијата еволуираше во високоорганизирана професија со напредни методологии за лекување и протоколи што им овозможуваат на стоматолозите успешно да ги третираат заболувањата на забите.
Од ова произлегува и идејата за формирање на овој институт каде фокусот ќе биде насочен кон естетската стоматологија како дисциплина или предметна област во рамките на денталната медицина.
По дефиниција естетиката е гранка на филозофијата која се занимава со природата на убавината и вкусот. Естетиката е во голема мера имагинација која ги истражува можностите на просторна перцепција, потпирајќи се на визијата и флексибилноста. Стоматологијата е професија каде владеат фактите, каде се формираат стратегии кои се вообичаено ориентирани кон клиничкиот успех на добро изграден, логичен план и имплементација на третман.
Успешната практика на естетска стоматологија максимално ја искористува комбинацијата од овие две.
Студиската програма за естетска стоматологија има за цел да го подготви докторот по дентална медицина за следење на соодветни водичи кои ќе резултираат во обезбедување на знаење за:
- сеопфатен, биомиметички, холистички и индивидуален пристап при планирање на третман на случаи со компромитирана естетика;
- потенцирање на значењето зошто дизајнот на насмевка не смее да се планира изолирано и колкава е важноста од познавањето на меѓусебната интердисциплинарна поврзаност која треба да резултира со постигнувањето успешен, здрав и функционален резултат;
- презентирање на стратегии за премостување на јазот помеѓу вистинското или перципираното, како и разликата помеѓу „идеалното“ и „практичното“ планирање на стоматолошки третман
Со зголемениот интерес и свесност за естетската стоматологија низ целиот свет… за стоматолозите стана се поважно да имаат фокусирани ресурси каде што ќе можат да ја развијат својата база на знаење.
Токму институтот ќе обезбеди стручно усовршување на докторите по дентална медицина за новите техники и методи на работа, добра стоматолошка практика, унапредување на знаењето и вештините за дијагностика и лекување, протоколи за планирање сложени естетски случаи и формирање и ефикасно водење идеален тим за нивно решавање.
Студиската програма ќе се реализира преку комбинација на предавања, презентации на случаи на пациенти, интерактивни семинари и студии на случаи, вежби за планирање на третман и видео демонстрации на клинички процедури како и компилација на учебници и литература во електронски формат.
Оваа програма ќе ја препознаат оние стоматолози кои сакаат да останат на врвот на модерната стоматологија и кои постојано трагаат по комбинација на вештини и знаење кои ќе им овозможат да испорачаат индивидуален, естетски задоволителен исход како приоритет при исплонување на желбите на пациентот.