Придружете ни се за престиж и многу придобивки!
Најважна е убавината што постојано ја создаваме. Оти таа е бесмртна. Таа се раѓа и се создава, но никогаш не умира. Впрочем, сè што правиме во животот, свесно или не, го правиме во името на убавината, која го исполнува нашето битие и поради која сме или неизмерно среќни или бескрајно несреќни
Велат, ништо не трае подолго од желбата за лична, индивидуална убавина. А кој не сака да биде убав? Човек може да истрпи глад, жед, студ, болка.., но не може да ја поднесе суетата дека не е убав. Затоа, несреќни се луѓето кои мислат дека се недоволно убави; најсреќни се, пак, оние на кои животот им е исполнет со убавина. А секој на свој начин во себе крие некоја специфична убавина. Само таа треба да се открие: во очите, во лицето, во забите, во насмевката… Да, во прекрасната и совршена бисерна насмевка која ги покрива сите недостатоци на лицето и која претставува широка порта за влез во душата.
Но, убавината може и да се пресоздава, естетски да се преобликува, да се усовршува. Безличното да стане привлечно и симпатично; хаосот да се претвори во хармонија, грдото во перфекција. Не, не станува збор за магија! Едноставно, тоа го може современата стоматолошка естетика
Прим. д-р Коте Тасевски, основач и челник