Aesthetic Puzzles – Предновогодишна дружба на Македонското здружение за естетска стоматологија
- 21/12/2021
- Posted by: zvermar
- Category: НАСТАНИ
Уште една успешна година 2021 е позади нас, а Македонското Здружение за Естетска Стоматологија традиционално го одбележа крајот на годината со стручен настан на кој македонските стоматолози ја добиваат можноста да покажат што знаат. Под мотото покажи за 10 минути, во 10 слајда кој е твојот најкомплексен естетски решен случај се појави повеќе колеги кои презентираа во просториите на Институтот.
Академија за Естетска Стоматологија во духот на взаемната соработка со МЗЕС по следниов редослед:
1. Александар Трајаноски- Mix and match.
2. Ана Кртолица- Естетска корекција на инверзна насмевка
3. Елена Петрова- Приказна за Стефан
4. Ирина Трајанова- Циркониа во фронт
5. Виктор Стефановски – Современа рехабилитација на пациенти со ерозија.
6. Дејан Ивановски- Ендодонција од невозможно до решение
7. Јулија Заркова- Транслуцентни ултратенки монолитни ламинати
8. Маја Петревска- Од ендодонција до реставрација.
9. Марио Јурхар- 3Д дијагностика
10. Оливер Чаневски- Ендодонција под микроскоп и вадење скршен инструмент
11. Ивица Луканоски- We design your smile.
Со своето присуство и корисни коментари, пофалби и критики не почести и прим. д-р. Коте Тасевски основачот на Институтот Академија за Естетска Стоматологија, а за крај најмладиот учесник на настанот д-р Стефан Силјановски ни помогна во извлекувањето на среќните добитници:
1. Александра Крнинова- подарок од спонзорот Вик Дентал
2. Билјана Маневска- подарок од спонзорот Орто Дентаес
3. Ирина Зареска- подарок од спонзорот 3Д центар ЕДГ
4. Кристина Поп Ристова- подарок од спонзорот Медика Ле Ма
5. Нина Митева- подарок од спонзорот Медика Ле Ма
6. Сања Димова- подарок од спонзорот Медика Ле Ма
7. Зорица Ефтимов- гратис членарина во МЗЕС за 2022 година.
Ви посакуваме се најдобро во идната 2022 година и да сме здрави, живи и полни со елан за нови стоматолошки достигнувања.