(„Естетска стоматологија – принципи и техники“)
Лицето две с’нца грејат,
устата как златна чаша,
з’бите как дробен бисер.
(Македонска народна песна)
На Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје успешно заврши првата студиска година. На свечен собир на најдобрите магистранти и професори им беа доделени пригодни награди и признанија. Триесеттемина магистранти со вообичаениот ритуал – фрлање на капите – го одбележаа крајот на студиската година.
Д-р Жарко Костиќ, мотивациски говорник и тренер за личен развој, нетипична професија за кај нас, но многу популарна на Запад, на 1 октомври (сабота) ќе одржи гостинско предавање на тема „Јавен настап и техники за презентирање“ што ќе им користи на магистрантите за одбрана на магистерските трудови.
На 20ти септември гостин на Академијата беше Д-р Бојан Игнатовски, специјалист по општа пластична реконструкциска и естетска хирургија и сопственик на поликлиниката „Аркадија“ во Дарувар, која е воедно и првата фамилијарна приватна поликлиника за пластична реконструкциска и естетска хирургија во Република Хрватска, отворена во 1992 година. д-р Игнатовски ни кажа дека болницата е проценета на […]
Се почесто во секојдневната активност од стоматолозите се бара да вршат козметички и естетски третмани. Прим. Д-р Коте Тасевски во „Естетска стоматологија – принципи и техники“ се стреми да ги исполни овие барања преку обезбедување на ажурирана референца за естетската стоматологија, од принципи и третмани до специфични предизвици и компликации. Оваа стручна студија за најновите […]
ГЛОБАЛЕН РАСПОРЕД АКАДЕМСКИ КАЛЕНДАР 2021/2022 Академија за естетска стоматологија Магистерски студии по естетска стоматологија Зимски семестар – 10.12.2021 – 30.03.2022 год. Испитен рок : 01.04.2022 – 30.04.2022 год. Летен семестар: 06.05.2022 – 06.07.2022 год. Испитен рок: 06.07.2022 – 12.07.2022 год. Испитен рок: 02.09.2022 – 16.09.2022 год. ЛЕТЕН СЕМЕСТАР (06. 05. 2022 – 06. 07. 2022) […]
IACD (Академијата за естетска стоматологија) во соработка со 3D.RTG дијагностичкиот стоматолошки рендген центар од Скопје и веледрогеријата OralMED Perioshop (EDG групација), со поддршка на компаниите Vatech, Saremco, AUGMA Biomaterials и CORTEX DENTAL IMPLANTS организираат 3D настан во месец Март, во кој, теоретски и практично, низ три последователни саботи и една недела, ќе бидат претставени многу новини во стоматологијата.
Целта на овој курс е да се претстави концептот на работа со цементите за аугментација (Двофазен Калциум Сулфат), рационалноста позади хируршките протоколи, манипулативноста со материјалот и новите хируршки опции кои ни се достапни.
Уште една успешна година 2021 е позади нас, а Македонското Здружение за Естетска Стоматологија традиционално го одбележа крајот на годината со стручен настан на кој македонските стоматолози ја добиваат можноста да покажат што знаат. Под мотото покажи за 10 минути, во 10 слајда кој е твојот најкомплексен естетски решен случај се појави повеќе колеги кои презентираа во просториите на Институтот.
Во октомври 2021 година излезе од печат вториот број на стоматолошкото списание „JAADE“ „Списание на Академијата за естетска стоматологија“ (Journal of the Academy of Aesthetic Dentistry), чиј директор, основач и главен и одговорен уредник е примариус д-р Коте Тасевски. Вториот број е посветен на Приватниот научен институт –„Академија за естетска стоматологија“ (прва во државава и во регионот), која […]