Врз основа на член 149, 150 и 151 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ бр.82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/21 и 58/24), Приватниот научен институт „АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА“, СКОПЈЕ објавува
К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус на магистерски студии, на студиската програма „Естетска стоматологија“, на Приватниот научен институт
„Академија за естетска стоматологија“, Скопје
во академскта 2025/2026 година
A
- Назив на студиската програма: Естетска стоматологија;
- Предвиден број на слободни места за запишување: 60 студенти;
- Времетраење на студиите: Едногодишни (60 ЕКТС) студии;
- Висина на школарината: 2000 евра по семестар.
Б
Услови за запишување
На втор циклус на магистерски едногодишни студии (60 ЕКТС кредити), може да се запишат:
- Кандидати кои завршиле студии по соодветни студиски програми од прв циклус на студии;
- Странските државјани, под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија (Се смета дека, условите за запишување ги исполнува лицето од странство, кое завршило образование во соодветна студиска програма во странство).
В
Документи за пријавување и запишување:
При пријавување за запишување (која се врши во електронска форма, преку службениот линк/страна на Институтот: www.iacd.mk), во роковите утврдени во Конкурсот, секој заинтерисиран кандидат (кој ги исполнува условите наведени во Конкурсот) треба да достави:
- Пријавен лист за запишување (достапен на веб страницата на Институтот: www.iacd.mk );
- Оригинал документ или фотокопија заверен на нотар за завршен прв циклус на студии (диплома или уверение), а за кандидати кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено прв циклус на студии, издадено од страна на Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија;
- Куса биографија (СВ).
При запишување, примените кандидати треба достават следни документи:
- Индекс;
- Пријавни листови;
- Две фотографии (3,5х4,5)
Индексот и пријавните листови можат да се обезбедат во просториите на институт.
III. Рокови за пријавување и запишување
| Прв рок | Втор рок | |
| Пријавување на кандидатите | 4 – 7 август 2025 | 8 – 11 септември 2025 |
| Запишување на кандидатите | 11 и 12 август 2025 | 15 и 16 септември 2025 |
Почеток и завршување на студиската година
- Почетокот и времетраењето на студиската година по семестри е определен со Статутот на Институтот, а дополнителните информации за распоредот на студиите се достапни на веб страната на Институтот: www.iacd.mk.
Место на изведување на студиската програма
- Изведување на студиските програми наставата и полагање на испитите, ќе се одвива во Приватниот научен институт „Академија за естетска стоматологија“ во Скопје.