Have a question?
Message sent Close

IACD- Академија за естетска стоматологија во соработка со
3D RTG Центарот во Скопје како дел од EDG Групацијата
Ве поканува на
Теоретски и Практичен курс на 03.12.2022 од 10:00 до 15:00 часот
за
3D RTG
Компјутерска дијагноза и анализа во Стоматологијата
(со осврт на оралната хирургија)
Дигитално планирање и поставување на импланти

Водител на курсот: Доц. д-р Ванчо Спиров
Едукатор: д-р Марио Јурхар

Теоретски дел:
– Запознавање со Vatech
– Што е FOV ( Поле на гледање)
– 3D CBCT во секој сегмент на стоматолошката практика (Endo-mode, TMJ, EzOrtho, EzDent-i, Ez3D-i)
– Запознавање со 3D CBCT и неговото значење во современата стоматолошка дијагностика и терапија
– 2D vs 3D ( Дводимензионална наспроти тридимензионална РТГ дијагностика)
– Индикации и контраиндикации за 3D CBCT
– Значењето на 3D во Оралната хирургија (практична презентација на интересни клинички случаи)

Практичен дел:
– Запознавање со Еz3D-i софтверот на Vatech и комплетна анализа на сите алатки од програмата наменети за орална хирургија.
– Анализа на коскените структури во максила и мандибула
– Дигитално исцртување на мандибуларниот канал и одредување на неговиот однос со корените на забот
– Мерење големина (волумен) на максиларниот синус и одредување на неговиот однос со соседните заби
– Дигитално поставување на импланти и избор на соодветен имплант во зависност од густината на коската со која располагаме
– Мерење на дензитет (густина) на коскено ткиво и одредување на соодветен протокол за поставување на импланти

Цена на курсот:
15000ден.

Назив и седиште на примач:
IACD
Банка:
Уни Банка
Жиро сметка за уплата:
240 040 108 895 525
Цел на дознака:
Курс за 3D RTG компјутерска дијагноза и анализа

Секој од учесниците ќе работи на сопствен лаптоп
Бројот на учесници е ограничен.

Контакт:
АДРЕСА:
ПРИВАТЕН НАУЧЕН ИНСТИТУТ
„АКАДЕМИЈА ЗА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА“
ул. Кленоец бр.85 лок.4 и 8, 1000 Скопје
ТЕЛЕФОН:
+389 71 391 400
+389 78 397 171
EMAIL:
contact@iacd.mk
contact@3dcentar.mk

ПРИЈАВИ СЕ!