СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА

СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

I семестар

Код Назив на предмет предавања семинари СИР* Вкупно часови ЕКТС
МСЕСИПДМ1 Интердисциплинарен пристап  во дизајнирање на насмевката 45 30 30 105 7
МСЕСЕРС2 Естетска и реставративна Стоматологија 45 30 45 120 8
МСЕСОДО3 Ортодонција и дентофацијална ортопедија 45 30 45 120 8
МСЕСИП4 Имплантологија и парадонтална болест 45 30 30 105 7
Вкупно I семестар 180 120 150 450 30

 

 II семестар

Код Назив на предмет предавања семинари СИР* Вкупно часови ЕКТС
МСЕСБКС5 Безметални керамички системи 30 30 45 105 7
МСЕСЛС6 Ласери во стоматологијата 45 30 45 120 8
Изборен предмет 1 30 15 30 75 5
Изборен предмет 2 30 15 30 75 5
  Вкупно II семестар 135 90 150 375 25
            Изработка и одбрана на магистерска тема 5
Вкупно ЕКТС 60

  

ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

Код Назив на предмет Предавања Семинари СИР Вкупно часови ЕКТС
МСЕСФДЕС Фотографска документација и евалуација во естетската стоматологија 30 15 30 150 5
МСЕСДИ Дигитална имплантологија:   Прецизно 3Д поставување   импланти со употреба на   компјутерски водени системи 30 15 30 150 5
 
МСЕСРПЕКП 
Решавање проблеми во ендодонтската клиничка праксa                              30 15 30 150 5
MСЕССПА Социо-психолошка анализа на моќта на насмевката 30 15 30 150 5
МСЕСЕКПИ Претприемништво  и иновации 30 15 30 150 5
MСЕСЕКДЕК   Деловна етика и комуникации 30 15 30 150 5
МСЕСЕКМУ Маркетинг на услуги 30 15 30 150 5

Утврден сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети, со листа на задолжителни предмети, листа на изборни факултетски и универзитетски предмети и дефиниран начин на избор на предметите.
Оваа студиска програма спаѓа во групата на регулирани професии за кои се применуваат одредбите од Европските регулативи. Согласно тоа, за регулираните професии не важат одредбите од Законот за високото образование во поглед на соодносот на задолжителни и изборни предмети. Студентот во секој семестар запишува одреден број предмети кои носат утврден број кредити. Бројот на запишани кредити во текот на еден семестар е вкупно 30 ЕКТС. Во состав на студиската програма е вкалкулирана практичната настава. Изборни предмети се избираат од листата на изборни предмети за првиот семестар, согласно предвидената програма.

Студентите преземаат едногодишна студиска програма во вредност од 60 ЕКТС кредити.

Програмата се состои од 6 задолжителни и два изборни предмети во вредност од по 30 кредити, со вклучен магистерски труд.

Студиската програма е структурирана на следниов начин: Во прв семестар има четири предмети кои се задолжителни и за нив е задолжителна стручна пракса во вкупна вредност од 30 кредити.
Во втор семестар има четири предмети од кои два се задолжителни, а два се изборни, кои се избираат од понудена листа на изборни предмети со вкупно 8 предмети за кои е задолжителна стручна пракса и магистерски труд во вкупна вредност од 30 кредити.

Секој предмет вклучува во живо онлајн семинари и два дена практична обука и предавања. Деновите на посетеност се организираат во блокови. Со цел оптимално да се интегрира магистерската диплома во нивната работна рутина, секој предмет е поддржан од дигитална содржина за настава и учење до која може да се пристапи во флексибилно време.

Последниот (вториот) семестар е посветен на подготовка и компилација на магистерски труд на тема поврзана со естетската стоматологија и преглед на клинички случај.

Изборот на предметите и нивната застапеност во студиските програми е во функција на образување квалитетни и креативни стручни кадри. Во студискaтa програмa особено внимание е посветено на вградувањето и примената на Европскиот кредит трансфер систем (ECTS) што треба да овозможи непречена проодност и меѓународна мобилност на специјализантите на други високообразовни институции на универзитетите.

Студентот преку своето присуство и учество низ целиот процес на студирање ќе има активна улога во целокупниот образовен и научно-истражувачки процес, организирање на стручни и научни собири, дебати, истражувачки семинари при реализацијата на студиската програма, за што ќе имаат можност непосредно да истражуваат и да се запознаваат со научната област. Концептот за мешано учење, кој вклучува дигитално учење и учење со кратки блокови за присуство, им овозможува на учесниците да добијат највисоко ниво на академска и практична обука додека го ограничуваат времето надвор од дома и од работа.