Have a question?
Message sent Close

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Совршен спој на научните сознанија и новите практики

Приватниот научен  институт –  Академија за естетска стоматологија  е посветена на унапредување на совршеноста во уметноста и науката, имплементирање на научните сознанија и практиките во стоматологијата и поттикнување на највисоките стандарди за етичко однесување и одговорна грижа за пациентот меѓу естетските стоматолози, забните техничари и другите стоматолошки професионалци.

Основната концепција на научната ус­танова е прогресивно ширење и брз развој на современата стоматолошка доктрина, со тенденција тоа да се применува директно во практиката и да ги вгради богатите свет­ски искуства во стоматологијата и во меди­цината. Така, единствена во поширокото оп­кружување на земјава, практиката и науката ќе бидат на едно место, со современи стан­дарди и принципи.

Ова ја нагласува посветеноста на Академијата за естетска стоматологија за сеопфатност (инклузивност) и стандарди на совршеност, вистински  да се измерат и прошират знаењата и вештините на повисоко ниво, како и да обезбеди на пациентите поголем пристап до специјализираните стоматолошки професионалци, кои покажале висок степен на клинички вештини и способности во естетската стоматологија.

Академијата за естетска стоматологија е дел од научно-образовниот процес, високообразовна институција, придружна членка на Универзитетот ‘‘ Гоце Делчев‘‘ Штип .

Мисија

Академијата својата мисија ја исполнува преку: акредитирана студиска програма од втор циклус на студии за естетска стоматологија во траење од една година и со освоени 60 кредити (според ЕКТС); нудење супериорни едукативни можности; научно-истражувачка дејност; апликативни (применливи) истражувања; промовирање и поддршка на акредитација и асоцијација (преку принципот на здружување, интеграција); постојан форум за креативна размена на знаења и идеи за подобрување на постојните и воведување на нови технологии; примена на знаења, изнаоѓање практични решенија и обезбедување точни и корисни информации за јавноста и за професијата.
Основната цел е преку спроведување на соодветни планови и програми Академијата да обезбеди практична обука и стручно усовршување на докторите на стоматологија за новите техники и методи на работа во естетската стоматологија, добрата стоматолошка практика, унапредувањето на знаењето и вештините за дијагностика и третман.
Домашни и странски експерти се вклучени во едукативниот процес со јасно дефинирани теми, целни групи, видови и трење на програмите.
Академијата постојано организира курсеви, работилници, предавања, стручни презентации, состаноци на работни групи, семинари, индивидуално усовршување, консултации, печатени, видео и комјутерски потпомогнати практики за образување и други облици на пренесување на знаење, вештини и информации.
Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија своите активности ги презентира и преку издавање на едукативни брошури и книги за светските достигања во областа на естетската стоматологија. Издава стручно списание „JAADE“ со импакт од областа на стоматологијата, со меѓународен уредувачки одбор.

Концепт

Основната цел е преку спроведување на соодветни планови и програми Академијата да обезбеди:

  1. Практична обука и стручно усовршување на докторите на стоматологија за новите техники и методи на работа во естетската стоматологија, добра стоматолошка практика, унапредување на знаењето и вештините за дијагностика и лекување;
  2. Воведување високи стандарди за квалитетна и континуирана едукација на други стручни кадри кои обавуваат стоматолошка дејност (лабараториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други стоматолошки професионалци) .
  3. Дополнителна едукација на студентите;
  4. Информирање за новите трендови во стоматологијата, технологијата и науката;
  5. Други едукативни активности поврзани со стоматолошката наука и пракса, што ќе резултира во обезбедување на високо ниво на стоматолошка здравствена заштита на населението и развој на естетската стоматологија кај нас и пошироко во регионот.

Континуираната стоматолошка едукација, формално, ќе се спроведува на пет нивоа:

  1. Превокациска едукација (пред факултет)
  2. Вокациска едукација (додипломски студии на универзитетот –  факултетот)
  3. Пререгистрациска едукација – лекарски стаж
  4. Пострегистрациска едукација (постдипломски студии, академски курсеви, специјализации)
  5. Понатамошна континуирана едукација или професионално усовршување