Search
  • 23 Октомври 18а лок. 9, 1 000 Скопје
  • +389 (0)71 391 400
IACD
  • Дома
  • За нас
    • ИСТОРИЈАТ
    • МИСИЈА И ВИЗИЈА
    • ОРГАНОГРАМ НА ИНСТИТУТОТ
    • ПРОСТОР И ОПРЕМА
    • БИБЛИОТЕКА
    • JAADE
    • АКРЕДИТАЦИИ
  • МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ
    • МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ПО ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА
      • КОНКУРС 2024/25
      • ПРИЈАВА
      • СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА
      • НАСТАВЕН ПЛАН
  • АКАДЕМСКА ПРОГРАМА
  • КУРСЕВИ И НАСТАНИ
  • Контакт
  • Дома
  • За нас
    • ИСТОРИЈАТ
    • МИСИЈА И ВИЗИЈА
    • ОРГАНОГРАМ НА ИНСТИТУТОТ
    • ПРОСТОР И ОПРЕМА
    • БИБЛИОТЕКА
    • JAADE
    • АКРЕДИТАЦИИ
  • МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ
    • МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ПО ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА
      • КОНКУРС 2024/25
      • ПРИЈАВА
      • СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА
      • НАСТАВЕН ПЛАН
  • АКАДЕМСКА ПРОГРАМА
  • КУРСЕВИ И НАСТАНИ
  • Контакт

AUGMA ЦЕМЕНТИ ЗА КОСКЕНА АУГМЕНТАЦИЈА – Практичен курс со д-р Амос Јахов

  • 08/02/2022
  • Posted by: zvermar
  • Category: АКТИВНОСТИ
Нема коментари

Сабота 12.03.2022, почеток во 10:00 часот

Целта на овој курс е да се претстави концептот на работа со цементите за аугментација (Двофазен Калциум Сулфат), рационалноста позади хируршките протоколи, манипулативноста со материјалот и новите хируршки опции кои ни се достапни.

Разликата меѓу коскените цементи и традиционалните пополнувачки (графт) материјали ги предизвикуваат правилата на традиционалната водена коскена регенерација (GBR). Во денешно време имаме минимално инвазивни процедури, не се користи мембрана и немаме потреба од манипулација со мекото ткиво за да добиеме слободен флап. Имаме можност да се справиме со најлесните и најкомплексните предизвици. Прифаќањето на новите протоколи ни овозможува едноставност, безбедност и предвидливост.

Оваа теоретско/практична работилница е фокусирана на работа со специфични коскени цементи, како и на хируршки протоколи за различни типови на аугментација. Учесниците ќе научат како да манипулираат со флапот и да го задржат под тензија со минимално инвазивна техника, како да работат без мембрана, како да го елиминираат мускулното влијание т.е. движење на графтот. Воедно, учесниците ќе научат и како да го предвидат исходот од терапијата и да ги избегнат повеќето традиционални пост-оперативни компликации.

Задачи на курсот:

  • Како до минимална манипулација со хируршки флап;
  • Како да се елиминира влијанието на околната мускулатура врз стабилноста на графтот;
  • Апликација на коскен цемент, техники и протоколи;
  • Сутурирање и техника на доближување на флапот;
  • Како да предвиди исходот за време на хируршката постапка.

 

Кратка биографија за предавачот:

Д-р Амос Јахов дипломирал на Карол Давила Универзитетот во Букурешт, Романија 1992 год. Во 1993 година, во Нетања – Израел, основал своја приватна клиника, специјализирана за имплантна терапија, орална рехабилитација и естетска стоматологија. Тој е многу искусен во полето на имплантната стоматологија и рехабилитација. Гостин е и клучен предавач на интернационални конференции и професионални работилници ширум светот (предава на континенти). Сериски претприемач кој што практичниот начин на мислење го комбинирал со креативност и развил плејада од професионални алатки, додатоци и материјали за импланти во полето на оралната хирургија, вклучувајќи го и „двофазниот калциум сулфат“. Добитник e на “Едисон награда 2019” за неговиот иновативен придонес во процедурите на аугументација. Советник на многу меѓународни компании. Основач и моментален главен директор на „Augma“ биоматеријали.

Вашите пријави за присуство пратете ги на contact@iacd.mk или направете го тоа преку формата подолу. Учеството за магистрантите по естетска стоматологија е БЕСПЛАТНО!


    Сите COVID – протоколи ќе бидат запазени

    Местата се ограничени!

    Однапред се радуваме на Вашето присуство и Ве очекуваме!

    IACD iacd.mk Академија за естетска стоматологија ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ПО ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА
    Footer logo
    Copyright © 2021 IACD