Придружете ни се за престиж и многу придобивки!
Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје, прв во државава и во регионот во сферата на стоматологијата, е акредитиран од Министерството за образование и наука, Одборот за акредитација и евалуација и Агенцијата за квалитет, согласно одредбите на Законот за високото образование и ги исполнува сите критериуми и услови предвидени во Уредбата за нормативи и стандарди за основање високообразовна установа.
Во него практиката и науката се споени на едно место, со современи стандарди и принципи.
Сите стоматолошки професионалци имаат право да се запишат и да се приклучат на Академијата за естетска стоматологија. Кога ќе се приклучат стануваат дел од семејството на посветени професионалци.
Приватниот Научен Институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.