Основен принцип на Академијата е да го промовира образованието.
Потенцијалните придобивки вклучуваат (но не се ограничени):
- Зголемување на можностите за образование и вклучување на креативниот потенцијал во домашното здравство;
- Зголемување на интересот на стоматолозите и другите стоматолошки професионалци за нивно професионално усовршување;
- Зголемена перцепција за практична обука и специјализација;
- Намалување на трошоците за специјализација;
- Обезбедување практика со висок квалитет;
- Постојана едукација и усовршување;
- Програмиран календар за учење;
- Обезбедување услови за подигнување квалитетот на практична обука, по примерот на универзитетските клинички центри во светот;
- Високо ниво на компетенции во управувањето со праксата;
- Квалитативен професионален развој преку континуиран процес на планирани активности, базирани на ревизија на извршувањето и поставувањето експлицитни цели за добра клиничка пракса (курсеви, тренинзи, семинари, предавања, работилници и други активности);
- Зголемена посетеност на годишни стручни и научни собири и конференции;
- Поставување на стандарди за успешност;
Обезбедување точни и корисни информации за јавноста и професијата.
Благодарение на партнерството меѓу членовите може да се даунлодираат и стримуваат видеа за едукација на пациентите од нивната пракса, веб-сајт или социјалните мрежи.