Листа на опрема предвидена за реализација на студиската програма Естетска стоматологија na Приватен научен институт – Академија за естетска стоматологија.
За реализација на наставата на студиската програма –Естетска стоматологија од втор циклус студии се користи современа опрема.
Информатичко-технолошкиот центар на Институтот – Академија за естетска стоматологија е опремен со најсовремена информатичка, телекомуникациска и телефонска опрема која овозможува континуиран проток на информации и вмрежување на сите единици на институтот во компактно и мултифункционално информатичко јадро. Ова наоѓа огромна примена во креирање и имплементирање на наставата на нов, модерен и функционален начин (вклучувајќи електронско пријавување на испитите и електронско оценување) кој е во чекор со експанзијата на новата ера на информатичката технологија.
Информатичко- технолошкиот центар дава огромна поддршка во наставата која се изведува во предавалните опремени со современа аудио-визуелна мултимедијална компјутерска опрема.
Нормативите за потребната опрема за изведување на наставата се групирани во четири групи:
– Доволен број на работни места места во предавалните, кабинетите и лабораториите [практичните и други наставни семинари (работилници)] за да може да се одржува целата настава предвидена со студиската програма на високообразовната установа, а кои ќе одговараат на нормативите за големината на групата.
– Опременост и функционалност на лабораториите, праксата и семинарите со опрема за индивидуална работа согласно со предметните програми кои се изведуваат, според ISO или други релевантни меѓународно признати стандарди;
– Опременост и функционалност на компјутерските лаборатории со компјутери за инивидуална работа на студентите, согласно со предметните програми во рамките на студиската програма;
– Можност за приклучување на сопствените компјутери на специјализантите до 10% од вкупниот број специјализанти истовремено на информатичката мрежа во Институтот.
Расположивиот простор и бројот на расположиви работни места, ги надминува основните нормативни барања. Податоци за просторот предвиден за реализација на студиската програма се комплетно опремени со мрежно поврзани компјутери, со што секој специјализант за време на предавањата и аудиториските вежби ќе има на располагање мрежно поврзан компјутер со соодветен софтвер.
Лабораториите исто така овозможуваат секој специјализант да има пристап до опремата при изведување на лабораториските вежби. На располагање се три најсовремено опремени лаборатории – Лабораторија 1 во Скопје, Лабораторија 2 во Гевгелија и Лабораторија 3 во Струмица.