Приватниот Научен Институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје е основан 2018 година како научно-истражувачка установа акредитирана од страна на Министерство за образование и наука и запишан во Регистарот на научно-истражувачки установи, што го води Министерство за образование и наука.
Институтот е формиран согласно одредбите на Законот за високо образование кој му дава право, покрај со научно-истражувачка дејност, да врши и високообразовна дејност од втор магистерски и трет циклус на докторски студии.
Приватниот Научен Институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје е институт од прв ваков вид во Република Северна Македонија, во сферата на стоматологија и како таков ги исполнува сите критериуми и услови предвидени во Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовна установа.
По однос предходно наведеното, е произнесено позитивно и Одборот за акредитација и евалуација на високото образование (види PDF) и Агенцијата за квалитет во високото образование (види PDF) како надлежни органи за акредитација на студиски програми од втор и трет циклус на студии.
Приватниот Научен Институт – Академија за естетска стоматологија во Скопје е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со која имат склучено и Меморандум за соработка во делот на истражување во наука, во делот на реализација на студиски програми во сите циклуси на студии и во делот на организирање на научни и образовна наставни за промовирање на постигањата во науката и високото образование.
Приватниот научен институт –„Академија за естетска стоматологија“, во рамките на кои, како партнери во реализација на дејноста се Приватната здравствена установа – Поликлиника од примарна здравствена заштита ЕНДОМАК Скопје, EDG групација Струмица, Дојран, Гевгелија, 3D.RTG рендген дијагностички центар Скопјe, Eterna LHC Скопје и ПЗУ Поликлиника Дента ЕС претставува одговор на потребите на стоматологијата и самото општество базирано на знаење – за стручни кадри кои се профилирани преку студии, во рамките на кои се вклучувани: доктори по стоматологија, лабараториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други стоматолошки професионалци од земјата и од странство.
Со акредитација и оформување на програмите за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование во Министерството за здравство очекуваме, во најкраток можен временски период, Академијата за естетска стоматологија да биде прва установа во државата која организира специјалистички стручни студии од областа на естетската стоматологија, преку која ќе докаже дека и Република Северна Македонија има капацитети да понуди стручни специјалистички услуги од светски ранг.